Лев банер Десен банер

Од утре Струга домаќин на Меѓународниот конгрес на медицинските сестри

Од 2 до 4 октомври 2026 година, Струга ќе биде домаќин на Меѓународниот конгрес на медицинските сестри, кој ќе се одржи во хотел „Дрим“, во организација на Сојузот на ЗМСТАС на Македонија, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија.

На конгресот ќе учествуваат медицински сестри, здравствени професионалци, како и претставници на сестрински здруженија, асоцијации и федерации од земјата и странство.

Свеченото отворање е закажано за петок, 2 октомври, со почеток во 18:00 часот, во фоајето на хотелот „Дрим“ во Струга.

Во рамки на тридневната програма ќе се дискутира за повеќе актуелни прашања од областа на сестринството и здравството. Меѓу темите кои ќе бидат опфатени се современото сестринство, безбедноста на здравствените работници, развојот на здравствените системи, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во здравството, како и унапредувањето на меѓународната соработка.

На свеченото отворање се најавени поздравни обраќања од Сашо Клековски, министер за здравство на Република Македонија, м-р Гордана Бешлиовска, претседателка на Сојузот на ЗМСТАС на Македонија и ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија, како и доц. д-р Адриано Фригановиќ, претседател на Европската организација на медицински сестри со специјализација (ESNO).

StrugaOnline

error: