Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Физички напад, семејно насилство, меѓусебна расправија и агресивно се однесувале кон полициските службеници…

На 30.09.2026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.А. врз Д.Ј.(47), двајцата од истото село, при што Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. По целосно документирање на настанот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.09.2026 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека П.Т. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнала нејзината мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава

На 30.09.2026 во 17:00 часот на булевар „Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа Р.М.(27) од Кичево, Е.А.(46) од Струмица и М.Д.(45) од Кавадарци затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија и агресивно се однесувале кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: