Лев банер Десен банер

Пионерска женска лига: Утре ЖРК Струга против РК Астибо Штип

Љубителите на ракометот во Струга во сабота ги очекува нов спортски настан, во рамките на 1. коло од Пионерската женска лига.

Домашната екипа на ЖРК Струга ќе ги одмери силите со составот на РК Астибо од Штип, во натпревар кој ќе се одигра на 3 октомври 2026 година, во спортската сала „Тими“ во Струга.

Почетокот на натпреварот е закажан за 12:30 часот.

Младите ракометарки на Струга ќе имаат можност пред домашната публика да го започнат настапот во новата сезона во Пионерската женска лига, против гостинската екипа од Штип.

Од клубот ги повикуваат љубителите на спортот да ги поддржат младите ракометарки и со присуството во спортската сала да придонесат за убава атмосфера на стартот од сезоната.

StrugaOnline

error: