Француски Шарт и годинава ја освои победничката титула на Интернационалниот турнир „Струга 2017“ и со тоа стана старо-нов шампион. Во големото финале кое се одржа синоќа, Шарт го совлада Бешикташ со резултат 26-29
Во првиот дел од натпреварот Бешикташ успеваше да одржи минимална предност, потоа Шарт успеа да направи серија и да дојде до позитива од 3 гоолови. Со еден гол предност на пауза отидоа ракометарите на Шарт.
Во вториот дел од натпреварот имаше блескави моменти и за Шарт и за Бешикташ. Францускиот тим натпреварот го реши после изедначувањето од 25-25, кога влезе во позитива од 3 голови и славеше со 26-29.
Струга 2017 е Интернационален ракометен турнир со најдолга традиција во Македонија. Секоја година, Струга покажува дека е град на ракометот во кој доаѓаат многу навивачи и страсни љубители на ракометот. За време на одржувањето на турнирот и годинава се чувствуваше позитивна спортска еуфорија.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари