Лев банер Десен банер

„Безбеден град“ за два дена регистрираше 296 сообраќајни прекршоци во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Во текот на првиот ден од функционирањето на системот системот за сообраќаен надзор „Безбеден град” односно на 12.10.2026 година, на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар  регистрирани се вкупно 148 сообраќајни прекршоци, од кои најголемиот дел се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор, како и управување со нерегистрирани возила. Во текот на вчерашниот ден (13.10.2026 година), заклучно со 19 часот, преку системот регистрирани се дополнителни 148 сообраќајни прекршоци, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Сите регистрирани прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата со кои се сторени прекршоците се доставуваат известувања преку СМС-пораки на мобилните телефони и на електронските адреси.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Воедно, укажуваме дека системот „Безбеден град” има за цел да придонесе кон подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, апелира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: