„Се откажувам од претседателствувањето со УО на Струшките вечери на поезијата, но сум отворен за секаква помош кон враќањето на некогашната слава на оваа манифестација“- изјави поетот Дарко Лешоски во интервју за Дојче Веле
– Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во Сервисот за односи со јавност на Владата. Нека биде ова почеток на една поинаква демократска практика. Претседател на Управниот одбор на Струшките вечери нека е некој што нема да се вика Дарко Лешоски, но некој што ќе се нафати да ја направи оваа манифестација онаква каква што заслужуваат сите искрени и вистински љубители на поезијата, вели Лешоски во интервјуто.
Инаку, именувањето на Лешоски за Претседател на УО на Струшките вечери на поезијата предизвика многу дискусии и поделени мислења во јавноста, едни сметаа дека токму тој е вистинскиот човек, за како што велат „да го врати сјајот на манифестацијата“, а други прашуваа дали Лешоски има доволно години и искуство за оваа функција.
извор: DW
фото: архива
Facebook Коментари