Членовите на УО на Стопанската комора Македонија – Турција, се запознаа со стратегија на инвестициона политика најавена од Владата на Република Македонија

- Македонија
1412

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија Проф. Д-р Аднан Ќахил вчера зема учевство на седницата на Управниот Одбор на Стопанската комора Македонија – Турција,  која се одржа во просториите на МАТТО. Целта на седницата е запознавање на членовите на Управниот Одбор со стратегија на инвестициона политика која беше најавена од Владата на Република Македонија.

На седницата покрај Министерот, присуствуваше и Н.Е. Г-ѓа Tülin Erkal Kara, амбасадор на Република Турција во Република Македонија која воедно е почесен потпретседател на МАТТО од турска страна, како и г-дин Bünyamin Kutlu, раководител на трговското претставништво на Република Турција.

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија Проф. Д-р Аднан Ќахил истакна дека верува во инвестицискиот потенцијал кој што го поседува Република Турција и Земјите од Истокот и додаде дека односите со бизнис заедницата може да се развијат само со постојан дијалог. Министерот посочи дека тој и неговиот кабинет е подготвен за соработка како со постоечките инвеститори, така и со инвеститорите кои што ќе бидат заинтересирани во иднина.

„Драго ми е што гледам огромен број на претставници од еминентни  фирми кои што инвестирале во нашата држава. Ви стојам на располагање за да Ви помогнам, кога помошта ќе Ви биде потребна. Секако дека ќе се соочуваме со проблеми и пречки, но наша цел е да го промениме и подобриме системот помеѓу фирмите и владините органи“. – рече Министерот Ќахил.

На седницата тој одржа една мала презентација на која соопшти дека се подготвуваат промени во однос на инвестициската политика, која не треба да ги засега досегашните инвеститори доколку постапките во процесот на развој биле потполно легални.

„Поминаа 20 години од моето прво започнување на должност во Владата на Република Македонија.  Верувам дека сум доволно искусен за да можам да ги увидам грешките во работата на претходната Влада. Би сакал да кажам дека новата Влада подготвува еднаков пристап кон домашните и странските фирми, кој исто така ќе оформи  транспарентна политика“. – изјави Министерот Ќахил.

Средбата беше ефикасен почеток на дијалогот и соработката помеѓу Владата на Република Македонија и Турските инвеститори за унапредување на инвестиционата клима во земјата.

Извор: Strugaonline

 

 

Facebook Коментари