Билтен за Охрид: Нарушување на јавниот ред и мир, злоупотреба на службена положба и овластување
На 24.11.2026 година во 01.40 часот, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид приведени се Б.М.(35), Р.М.(33), М.П.(21) и Ф.П.(25), сите од Охрид, по претходна пријава дека, во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Ч.(67) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член.353 од Кривичниот законик како и против правен субјект-Друштво за градежништво и трговија од Кавадарци, негова сопственост. Пријавениот, во својство на надзорен орган составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс изграден во Охрид, лоциран на катастарска парцела „Елшани“. Тоа го сторил иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издадено одобрение и има изведени нелегални градби на хотелски комплекс.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

