Лев банер Десен банер

Симон Трпчески со номинација за една од најзначајните награди во класичната музика

Албумот на македонскиот пијанист Симон Трпчески е номиниран за Меѓународните награди за класична музика (ICMA) за 2027 година, во категоријата најдобро концертно издание.

Станува збор за издание на британската музичка куќа Linn Records, на кое Трпчески настапува со данскиот диригент Томас Сондергард и Кралскиот шкотски национален оркестар, изведувајќи два концерта за пијано и оркестар од францускиот композитор Камиј Сен-Санс.

Меѓу делата на албумот се Вториот концерт за пијано и Петтиот концерт, познат како „Египетски“. Снимката е направена за време на концертите одржани во февруари и јуни 2024 година во Кралската концертна сала во Глазгов.

За изданието се номинирани околу 350 аудио и видео продукции во 16 категории, од повеќе од 100 издавачки куќи од Европа, Азија и Северна Америка. Номинациите ги објавија Меѓународните награди за класична музика, кои ги издвојуваат најзначајните музички изданија и изведувачи.

На обвивката на албумот е искористено дело „Пејзаж“ на македонскиот ликовен уметник Славчо Спировски.

Изданието доби позитивни критики од меѓународната музичка сцена. Германската критичарка Изабел Федрици, во рецензија за „Piano News“ и „Ensemble“, го оцени настапот на Трпчески како доказ за неговата техника, музикалност и изведувачка брилијантност, опишувајќи ја снимката како инспиративна.

error: