Машката ракометна репрезентација на Македонија по петти пат на Светско првенство
Машката ракометна репрезентација на Македонија во јануари следната година по петти пат ќе учествува на Светско првенство или девети на големо натпреварување. На мундијалот во Франција резултатот е важен, целта е осминафинале, без разлика на паралелното подмладување и освежување на селекцијата.

Денеска во Маврово почнаа десетдневните подготовки во кои ќе присуствуваат 24 ракометари. Репрезентацијата ќе се комплетира во следните два дена со исклучок на Дејан Манасков и на Филип Миркуловски кои поради клупските обврски во Бундеслигата ќе се приклучат подоцна.

