Граѓанската иницијатива „Доста“ достави поднесоци со барања до надлежните за проблемот со депонијата
Граѓанската иницијатива „Доста“, по повод последното спалување на дивата струшка депонија најави дека до Градоначалникот на Општина Струга и до Претседателот на Владата на Р. Македонија ќе достави поднесоци со барања кои би довеле до решавање на проблемот кој долго време ги мачи стружани. Во барањата се вбројуваат и следниве:
1. Бараме под итно некој од надлежните (Општина Струга или Влада на Р.М. да ни достави информација околу тоа до каде е постапката за набавка на прес контејнерите.
2. Доколку сеуште не е започната постапката за набавка на прес контејнерите БАРАМЕ ПОД ИТНО нивна набавка и ПОД ИТНО нивно ставање во употреба.
Од „Доста“ денеска информираат дека поднесоците се веќе доставени, а истовремено информираа дека депонијата е изгасната иако сеуште чади местото каде што имаше пожар.




Извор: Strugaonline/Граѓанска иницијатива „Доста“
Фото: Граѓанска иницијатива „Доста“

