Учебната година ќе започне на 4-ти септември

- Македонија
908

Министерството за образование и наука (МОН) ја известува јавноста дека учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе започне на 4 септември (понеделник).

Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во „Службен весник на Република Македонија“.

На сите ученици, наставници и професори МОН им посакува успех во новата учебна година.

 

Facebook Коментари