Најавен 43-от Меѓународен јога семинар под водство на учителот Павлос К. Хасанагас

- Занимливо
1098

Јога-сојузот на Македонија го најавува скорешното одржување на дводневниот 43. Меѓународен семинар под водство на јога учителот Павлос К. Хасанагас.

„Овој семинар ќе биде посветен на биоенергетскиот систем на човекот (Пранамаја коша), содржина која е испреплетена со целокупното човеково битие и делување. Низ практично теоретските содржини учителот ќе ни го доближи знаењето за тајните на чакрите, надисите, праната, кундалини и релацијата на енергетската природа на човекот со другите негови психофизиолошки и спиритуални структури.
Детали околу локацијата, термините и агендата на семинарот же бидат дополнително објавени.“ велат организаторите.

Сите заинтересирани, можат да добијат информации на тел: 075 242 678 и 077 817 432.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари