Никола Димитров: Македонија е посветена на градење добрососедски односи

- Македонија
1842

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вчера одржа прес-конференција на која ја информираше јавноста  дека Владата на Република Македонија не дала наредба или инструкција, ниту извршила разузнавачки дејства,  против и на штета на некоја од нашите соседни земји, вклучувајќи ја тука и Србија. Во целост ви го пренесуваме неговото обраќање пред јавноста и новинарите

– Владата на Република Македонија ниту имала намера, ниту дала наредба или инструкција, ниту извршила разузнавачки дејства,  против и на штета на некоја од нашите соседни земји, вклучувајќи ја тука и Србија. Ниту пак некогаш ќе размислуваме во оваа насока. Институциите на државата работат согласно законот за заштита на уставниот поредок и на граѓаните на Република Македонија.

Впрочем, токму луѓето во оваа Влада ги почувствувале последиците од незаконско прислушкување и добро знаат што значи тоа.

Суштината во пристапот кон регионалната соработка на новата Влада на РМ се темели на решавање на проблемите кои постојат во регионот наспроти создавање на проблеми – тоа е политика на отворени врати и решенија. На нов отворен и конструктивен пристап кон соседите.Тоа се решенија кои водат кон унапредување на добрсоседството, соработката и партнерството со другите земји од опкружувањето.

Убедени сме дека тоа е единствениот начин регионот одлучно да зачекори напред кон перспективите кои ги носат европските, и за оние земји и народи кои тоа го сакаат евроатлантките интеграции. Успехот на нашите соседи е наш успех. Нашиот успех е успех на нашите соседи.

Доколку постојат било какви недоразбирања, сметаме дека вистинскиот начин тие да се адресираат е директен разговор, дијалог.

Јас како министер за надворешни работи на Република Македонија, уште доцна попладнето во неделата, кога ја добив нотата на Амбасадата а Србија, веднаш му се јавив на министерот Ивица Дачиќ, не успеав да го добијам. Телефонски разговор побаравме вчера и преку нашиот амбасадор во Белград, и добро е што има најави и од другата страна дека таков разговор ќе се случи најверојатно во текот на утрешниот ден,  со колегата Дачиќ ќе имаме прилика да оствариме разговор. Владата на Република Макеоднија уште еднаш ги поздравува најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаените рамки.

Извор:Strugaonline/Влада на РМ

 

 

 

 

 

Facebook Коментари