Договорена средба меѓу Министрите Димитров и Дачиќ

- Македонија
832

Од министерството за надворешни работи информираа дека вчера беше остварен разговор меѓу министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ. Во отворен разговор во врска со неодамнешните случувања, министерот Дачиќ информираше дека персоналот на Амбасадата ќе пристигне назад во Скопје во текот на денешниот ден (четврток, 24 август).

Согласно договореното меѓу Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а со цел зацврстување на традиционално пријателските односи, министрите за надворешни работи се договорија да се сретнат веќе овој петок во Ниш, Република Србија.

Извор: Strugaonline/МНР

 

 

Facebook Коментари