Трет ден Струшки вечери на поезијата – Денеска ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“

- Локални
966

56-то издание на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата 2017“ продолжува со реализација на богатата програма која во Струга ги донесе најеминентните поетски имиња од целиот свет. Според најавената програма, во 12:00 часот планирана е посета на пештерските цркви во Калишта. Во 13:30 часот ќе се одржи прес конференција на која ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладновци“ која се доделува за најдобра напишана поетска книга помеѓу два фестивала.

Потоа ќе се одржи презентација на поетски фестивали, концепти – Програма за професионални посетители, ќе има минути за современа македонска поезија, ќе бидат преставени неколку поетски портрети. Од 20:30 часот, како дел од проектот „Поезија на пат“ настани ќе има во Куќата на Уранија во Охрид и во Центарот за култура во Битола.

Третиот фестивалски ден, традиционално  ќе заврши на полноќ  со музичко – поетскиот перформанс „Ноќ без интерпункција“, на алтернативната сцена кај „Галеб“.

Извор: Strugaonline/СВП


Facebook Коментари