Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 36 степени. Во недела ќе се задржи слично време како и денешното , а максималната температура во одредени делови на Македонија ќе достигне до 38-от степен. Сончево и многу топло време со максимални 39 степени синоптичарите најавуваат за во понеделник.
Извор: УХМР
Facebook Коментари