Со отворање на изложбата “Урбани херои на Скопје”, денес, 1. септември, во 20:00ч. во Јавна соба, ќе започне фестивалот “Дотерај го Скопје”. Изложбата е многу убав производ на висока свест и видлив активизам пресликан преку 50 интервенции на запуштени јавни простори во 6 општини во Скопје кои беа “дотерани” од страна на граѓаните. Доктори, адвокати, стоматолози, музичари, ликовни уметници, пожарникари, дизајнери, трговци, бербери, угостители од сите генерации се дел од изложбата “Урбани херои на Скопје”. Пoсетителите истиот ден ќе имаат можност да го следат натрпеварот за најдобар млад микрофон – млади стендап комичари, како и концертите на Александар Пешевски и Минстрелс галери.
Фестивалот Дотерај го Скопје е заокружување на три месечната интензивна работа на терен на граѓаните и неуморниот тим кој воедно за време на овој настан ќе најави нова кампања за разубавување на градот во 2018 година. Повеќе од 300 граѓани излегоа летово на + 40 степени, и засадија 1.500 бршлени на 50 различни локации. Истовремено беа продуцирани 5 музички спотови во продукција на Јавна соба и кретивната гаенција Sawyer Finn од Скопје, кои премиерно ќе бидат промовирани од 1. до 4. септември во вечерните часови.
Програмата на фестивалот “ Дотерај го Скопје” https://www.facebook.com/doterajgoskopje e наменета за сите генерациим и вклучува забавата, практичните работилници, дебати, авторска музика, комедија и добра храна. Влезот во Јавна соба е бесплатен.
Facebook Коментари