Црвен Крст – Струга објави конкурс за краток расказ и фотографија на тема „Промоција на различности“

- Локални
1455

Црвен Крст – Струга објави конкурс за краток расказ и фотографија. Истиот е наменет за млади од 12 до 18 години, а темата е „Промоција на различности„( под различности се мисли на секаква различност, верска, здравствена, социјална, етничка…), а насловот авторот го дава сам. Краткиот расказ не треба да има повеќе од 500 збора напишани во Word документ, со фонд 12, а треба да ја пренесе пораката за различности во градот.


„Фотографијата треба да биде фотографирана (видена, доживеана) во градот или селото во периодот на траење на конкурсот (не смее да биде од 2015 или 2016 год.) и треба да биде авторска ( не треба да биде превземена од интернет или социјалнните мрежи и не се дозволени дигитални разубавувања).
Сите кои сакаат да аплицираат нека го достават краткиот расказ или фотографија на е-маил [email protected] заедно со своето име и презиме, адреса, училиште, години.“ – стои во објавата на Црвен Крст – Струга.

Конкурсот за краток расказ и фотографија ќе трае од 04 до 14 септември 2017.

Извор: Црвен Крст

Strugaonline

Facebook Коментари