Време: Претпладне сончево со умерена облачност – попладне услови за дожд и грмежи

- Македонија
611

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови ќе има зголемување на облчаноста, а во крајните западни делови ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 6. Дневната температура ќе се движи во интервал од 24 до 32 степени.  Во сабота се очекува променливо облачно време со појава на локален дожд и грмежи, максималната температура за утре, се очекува да го достигне 30-от степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари