Приказната за Rasel O’Gredij ќе ја промени вашата перцепција за инклузијата на лицата со Даунов Синдром во општеството. Станува збор за човек кој наскоро треба да наполни 50 години, а од својата 18-та година работи во MCDonalds во сиднејското предградие Нортмед.
Неговиот животен пат веројатно би бил полесен доколку не се родел со Даунов синдром, но секој посетител на Мекдонналдс го обожува, посебно поради неговото добро расположение и љубезноста. Кога се пријавил за работата, претставувал дел од владината иницијатива за поддршка на лица кои имаат тешкотии при потрага по работа. Бидејќи сите биле многу задоволни од него, добил постојано работно место. Сега работи три дена во неделата, а најсреќен е кога ги поздравува купувачите. Неговиот позитивен став го одвојува од сите други вработени и сега е локална легенда.
Неговиот тактко изјавува дека Расел е најпознатата личност во Нортмед.
„Луѓето го застануваат на улица за да се поздрават со него. Сите толку многу го сакаат и почитуваат што ни е тешко да поверуваме„ – вели таткото Џорџ.
-Некој еднаш го праша: „Дали си хендикепиран„, а неговиот одговор беше: Порано бев, многу одамна кога одев на училиште, но сега работам во МекДоналдс – истакнал неговиот татко објаснувајќи колку работата му помогнала да изгради самодоверба.
Facebook Коментари