ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје објави конкурc „Есенски креативен мозаик“ (книжевно-поетска работилница)
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје под покровителство на Град Скопје објавува Конкурс за учесници на книжевно-поетска работилница. Целта на работилницата е развивање на креативното мислење и интелектуалното развивање на младите лица од средните училишта, студентите и на оние кои имаат афинитет кон пишаниот збор и креативното изразување. Право на учество имаат лицата (до 35 години) кои ќе имаат можност да научат практично да ги пишуваат најрепрезентативните книжевни жанри од: поезија, проза и драма. Модератор и организатор на работилницата e м-р Марина Мијаковска Работилницата ќе ја водат писателите: м-р Марина Мијаковска, д-р Славчо Ковилоски, Стефан Марковски.
За работилницата се предвидени четири термини (во сабота), во месец октомври 2017 година. Работилницата вклучува креативни вежби, практично креативно изразување, дискусии, дебати и евалуација на резултатите од креативниот труд. Најдобрите творби на учесниците ќе бидат објавени во Алманах за кој е предвидена промоција на истиот.
Работилниците ќе се одржуваат во Дом на градежниците, а крајниот рок за пријавување е 29-ти септември.
Заинтересираните кандидати (со име, презиме, број на телефон) може да се пријават на следниов контакт: [email protected]
Strugaonline
Facebook Коментари