Над 10 пакети помош донираа стружани во хуманитарната акција која се спроведе во Американското катче

- Локални
1597

По повод одбележување на 9/11 Национален ден на служба и сеќавање на жртвите и преживеаните, Американското катче Струга, во соработка со Црвен Крст Струга и со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, организираше хуманитарна акција за донирање на храна, облека и училишен прибор.

На 13-ти и 14-ти септември граѓаните од различна возраст и етничка припадност донираа преку 10 пакети помош, кои што Црвениот Крст во наредните денови ќе ги дистрибуира до семејствата кои имаат потреба.

Извор:Strugaonline

Фото: Аmerican Corner

Facebook Коментари