Обуки во Струга за Креативна Европа и финансиски менаџмент
Струга, 17. декември 2016 – Фондацијата Отворено Општество Македонија и Здружението на граѓани Центар за развој на локалната демократија Скопје, како партнери во имплементацијата на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“, финансиран oд Европската унија, започнаа со реализација на активностите А.4 во чии рамки ќе бидат одржани четири еднодневни обуки за граѓанските организации со цел да им се помогне во подобрувањето на својот институционален/организациски развој и одржливост.

Обуките ќе се одржат во трите општини: Струмица, Струга и Центар со претставници на граѓанските организации и општинската администрација.
Во Општина Струга, првата и втората обука: A.4.1.1 ЕУ Агенда за култура 2020, националниот контекст и законодавството vis-a-vis ЕУ културната политика и А.4.1.3 Финансиски менаџмент, подигање фондови и ЕУ институции и фондови за култура, ќе се одржат на 19 и 20-ти декември во хотел Дрим.
Претходно, во рамките на проектот беа одржани три еднодневни обуки за општините Струмица, Струга и Центар, кои се однесуваа на Алатки за партиципативно планирање; Стратешко планирање и ситуациски анализи; Методи на акциско планирање.
Беше одржана јавна расправа по предлог Стратегијата за култура и Предлог Акцискиот план на Општина Струга, а Советот на Општината донесе Одлука за усвојување на Стратегијата за култура со Акциски план на Општина Струга за периодот 2017-2022 година. (Крај)
извор: ОхридПреs

