Лев банер Десен банер

Кривична пријава за 35 годишно лице од Охрид за казнено дело „телесна повреда“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година  околу 15 часот и 30 минути во семејна куќа во Охрид. Тој, започнал жестока вербална расправија со неговата сопруга по што и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и целото тело.

Од силината на ударите, оштетената се здобила со повреди и набиеници а потоа пренесена во Општата болница во Охрид каде и била пружена неопходна медицинска помош.

Извор: СВР Охрид

 

error: