ВМРО-ДПМНЕ кампањата за локалните избори ја започнува вечерва во Охрид

- Локални
1080

Традиционално, со митинг на Градскиот плоштад во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ вечерва со почеток во 19:00 часот ќе ја започне кампањата за локалните избори закажани за 15-ти октомври.

– Големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се одржи под слоганот „Новата ера почнува“. Предвидено е да се обрати лидерот на партијата Никола Груевски, носителот на советничката листа д-р Кирил Пецаков и кандидатот за градоначалник на Охрид, д-р Митко Тилевски, информираат од Центарот за комуникации ВМРО-ДПМНЕ при ОК од Охрид.

извор: ВМРО-ДПМНЕ

Facebook Коментари