Металург загуби од Бешикташ со 27:31

- Спорт
1230

Во второто коло од Лигата на шампионите ракометарите на  Металург загубија од екипата на Бешикташ со резултат 27:31 (14:14). Бешикташ доминираше уште во првиот дел од натпреварот, односно во текот на целото прво полувреме. Металург успеа да направи серија од 3:0 за израмнување од 14:14 по првите 30 минути.

Вториот дел од натпреварот започна во знакот на Металург кога успеаа да дојдат и до предност, но следеше нов период на грешки и победата сосема заслужено му припадна на противникот.

Извор и фото: rkmetalurg.mk

 

 

Facebook Коментари