16 години затвор за Бојан Угреновиќ, убиецот на Димитар Матилоски

- Хроника
716

Охрид, 20. декември 2016 – 29-годишниот српски државјанин Бојан Угреновиќ доби казна од 16 години затвор за убиството на 26-годишниот Димитар Матилоски.

ugrenovik-640x360

Основниот суд во Охрид ја соопшти одлуката попладнево, откако неодамна обвинетиот Бојан Угреновиќ се изјасна дека се чувствува виновен и дека ќе се брани со молчење во рамките на судскиот процес кој започна на 15-ти овој месец.

29-годишниот Угреновиќ од Краљево, лани на Новогодишната ноќ на смрт го претепа Димитар во строгиот центар на Охрид. Угреновиќ ќе одговара за убиство и покрај тоа што семејството и охриѓани преку мирен протест бараа промена на обвинителниот акт во Убиство на свиреп и подмолен начин.

Според Јавниот обвинител, фатален бил ударот во долната усна, односно во средишниот дел од брадата на Димитар.

На 6-ти јуни годинава, Цветанка Матилоска – Пешиќ, сестра на починатиот 26-годишен Димитар Матилоски, рече дека „судот не ги зел во предвид доказите од вештачењето кое тие го направиле за убиството на Димитар“. Членовите на семејството бараа промена на обвинителниот акт за обично убиство, во обвинителен акт за убиство на свиреп и подмолен начин.

– Судско-медицинското вештачење кое беше направено во Битола, имаше многу нелогичности, многу докази воопшто не беа третирани и затоа ние како семејство направивме приватни судско-медицински вештачења, рече летово Матилоска Пешиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари