Сообраќајка во Струга, повредено едно лице

- Локални, Хроника
583

policija6-640x360

На раскрсницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „ЈНА“ во Струга, вчера околу 17:50 часот се случи сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

СВР Охрид: Во незгодата учествуваа 45-годишниот В.Р., кој управувал возило „Мерцедес“ со струшки регистерски ознаки, кој удрил во пешакот, 37-годишната С.Н. од Струга. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила С.Н, која била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Facebook Коментари