На 21-ви февруари 2022 година, во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа во која загина едно лице, додека едно лице се здобило со тешки телесни повредни.
– Незгодата се случила помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од страна на 24-годишниот М.Л. од селото Белчишта, општина Дебрца и „Фолксваген Поло“, управувано од 30-годишниот Х.К. од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л. – возач на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари