65-годишен српски државјанин лишен од слобода во Струга, возел без возачка дозвола
На 05.10.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода српскиот државјанин С.Д.(65). При контрола во патниот сообраќај на регионалниот пат Охрид-Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки и притоа констатирале дека тој не поседувал возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

