Лев банер Десен банер

Албански државјанин приведен кај Охрид поради нелегален влез во државата

На 25 јануари 2026 година во 01:45 часот, во близина на авто-камп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ф.Н. (49) од Република Албанија.

По преземените службени мерки било утврдено дека лицето претходно нелегално ја преминало македонско-албанската државна граница и незаконски престојувало на територијата на Република Северна Македонија. Со тоа, Ф.Н. сторил прекршок по член 9 од Законот за граница.

Против него е изречена мерка протерување од државата, како и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од шест месеци.

Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека продолжуваат со засилени контроли и активности со цел спречување на нелегални преминувања на државната граница и незаконски престој на странски државјани.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: