Билтен: Агресивно однесување, бесправна градба, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги во Струга

- Локални, Хроника
434
На 05.11.2024 во 14.20 часот на улицата „ЈНА” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Б.Р.(43) од струшкото село Долно Татеши кој претходно, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.О.(51) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”. На катарстарска парцела во струшкото село Мислешево, пријавениот без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, изградил доградба на објект за домување. Од извршениот инспекциски надзор извршен од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ги  отстрани утврдените неправилности.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.М.(20) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.  При контрола на патничко возило „фолксваген поло” со струшки регистарски ознаки, со кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа мeтамфетамин.

Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари