По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Охрид идентификуваа шест лица кои на 28.11.2024 во 23.20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски просветители” со улицата „Партизанска” во Охрид го нарушија јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. На разговор се повикани Н.П.(24), П.Д.(18), Ј.Ј.(23), А.К.(28), сите од Охрид, како и двајца 17 – годишници, едниот од Охрид, а другиот од Струга. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.М.(19) од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.12.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Д.М.(71) од Охрид кој претходно, во неговиот дом во Охрид агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а потоа и кон полициските службеници кои биле повикани. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари