
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Л.(37) селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. При преглед, извршен на улица „27 Март” во Струга, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа марихуана.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(20) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При преглед, извршен на улицата „15 Корпус” во Струга, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа марихуана.
Facebook Коментари