Билтен на СВР Охрид: Физички напад во автокамп на брегот на Охридското езеро, пожар во стан во Охрид

- Локални, Хроника
346

На 21.07.2024 во 21.00 часот, во автокамп на брегот на Охридското езеро, едно лице физички го нападнало Д.К.(27) од Битола. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2024 во 01.05 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во стан сопственост на М.Ш.(35) од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

Facebook Коментари