
На 13.10.2024 во 20 часот, на улицата „1 македонска ударна бригада” во Охрид, приведен е М.П.(19) од Охрид, кој претходно на спортско игралиште во охридската населба „Видобишта” го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.10.2024 во 03 часот во угостителски објект на булевар „Железничка” во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле М.Т.(36) од Куманово затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.10.2024 во 17.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор кај Плоштадот „Крушевска република” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.З. од Битола врз Б.С.(40) од Охрид. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари