
На 13.07.2024 година во 12.15 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на нива со нискостеблеста вегетација, лоцирана во атарот на струшкото село Ливада, настанал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
На 12.07.2024 година во 19.10 часот, на улицата „15 корпус” во Струга, од слобода го лишија М.П.(48) од Скопје. При извршен преглед, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа фолија со бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.07.2024 година во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу М.Г.(36), Ф.З.(25) од една и Д.Л.(22), од друга страна, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.07.2024 година во 02.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Македонски просветители” во Охрид, градежни работници поставувале бетонска плоча на стамбен објект во изградба. При извршена контрола, полициските службеници, при изведување градежни зафати со работни машини кои создавале механичка бучава, ги затекнале В.К.(40) од Ресен и А.Л.(21) и Т.Д.(25), двајцата од Охрид, вработени во градежна фирма од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
Facebook Коментари