На 29.07.2023 година во 14.42 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во подрумски простории од зграда, лоцирана на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, се случил пожар. Притоа, четири лица побарале и добиле медицинска помош и се надвор од животна опасност. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид
На 29-07-2023 година околу 17 часот, при преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, врз Д.А.(23) од Скопје, полициските службеници пронашле и одзеле најлонска кеса со марихуана и нож марка „Бокер” со сечиво од 10 сантиметри. Д.А. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29-07-2023 година, во СВР Охрид лишен од слобода е Ф.Б.(37) од Скопје. При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин и марихуана. Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: Архива
Facebook Коментари