Билтен: Охриѓанец се однесувал агресивно и непристојно кон наставник во локално Основно училиште, во Охрид скопјанка касната од куче скитник

На 18.11.2024 во 08.57 часот во СВР Охрид е пријавено дека, во едно основно училиште во Охрид, З.П. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон еден наставник од училиштето. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.11.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Охрид, Е.З.(40) од Скопје пријавила дека на улица „Дејан Војвода” во Охрид била касната од куче скитник.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

