На 03.02.2025 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Д.(65) од Кавадарци кој претходно, во деловен објект на улица „Димитар Влахов” во Охрид агресивно се однесувал кон вработените. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.К.(63) и Б.И.(52), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа. Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари