Билтен за Охрид: Агресивно однесување, физички напад, физичка пресметка….

- Локални, Хроника
28

На 12.09.2025 во 12:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(45) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.09.2025 во 02:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на спортско игралиште во охридската населба„ Стобекс”, неколку лица физички нападнале 15-годишник од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2025 во 04:26 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред ноќен клуб на булевар „Железничка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(22) и М.К.(19), двајцата од струшкото село Драслајца, од една страна и М.А. и уште едно лице од Охрид, од друга страна. По целосно расчистување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.09.2025 во 21:15 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Д.Г.(39) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се воздушна пушка со калибар 5,5 милиметри и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари