На 29.07.2025 во 15.30 часот на улица „Димче Маленко” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.Ч.(57) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена една пушка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2025 во 00.15 часот, во продажен објект на булеварот „Туристичка” во Охрид, Р.Н. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон неговата поранешна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари