Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Агресивно однесување, узурпирање недвижност….

На 17.12.2025 година во 17:50 часот, на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ж.Р.(35) од Охрид и притоа, кај него пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност.Тој претходно беше пријавен дека агресивно се однесувал кон вработени во казино на улица „Димитар Влахов”, им упатувал закани и оштетил дел од апаратите. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Тој, на имот во државна сопственост, во близина на течението на реката Грашница во Охрид, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, изградил објект за лични потреби, информира Стафен Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: