
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(43) од селото Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. По завршување на натпревар од третата фудбалска лига, одигран во Волино, пријавениот физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид за укажување помош.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари