Билтен за Охрид: Физички напад, агресивно однесување…
На 29.09.2026 во 13:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата ,,Ирина Гинова Мирка” во Охрид, Р.М. физички ја нападнал В.Ш.(73), двајцата од Охрид. Таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.09.2026 во 20:05 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, од слобода е лишен Љ.Ц.(47) од Охрид, по претходна пријава дека бил агресивен и упатил закани кон С.А.(52) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

