Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Физички напад, пронајдена и одземена бела прашкаста материја

На 12.06.2026 во 19:55 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од  Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода С.П.(45) од Охрид. При преглед на патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.06.2026 во 10:20 часот  во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода С.К.(30) и Љ.С.(49), двајцата од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 07:00 часот физички го нападнале А.Д.(46) од Охрид и му нанеле тешка телесна повреда. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: