
На 19.01.2025, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода М.А.(27) и Д.А.(27), двајцата од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 18.30 часот во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, физички го нападнале Н.Н.(23) од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.01.2025 во 16.18 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Анастасија Узунова” во Охрид, Ф.Ч.(78) од Охрид физички нападнал малоленик од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари