На 30.07.2025 во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски” во Охрид, приведени се Т.С.(25) од Република Србија и Г.М.(49) од Охрид поради меѓусебна физичка пресметка, во која Т.С. со нож го нападнала Г.М.. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2025 во 21:25 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица” во Охрид, приведен е Х.И.(21) од Прилеп, во чие возило „ауди”, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со марихуана. На службен разговор во СВР Охрид, повикани се и сопатниците во возилото Л.С.(21) и Б.Г.(21), двајцата од Прилеп. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 30.07.2025 во 00:45 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица” во Охрид, лишен од слобода е Ж.Р. (30) од тетовското село Брвеница. При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа паковки со бела прашкаста материја.. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава
На 30.07.2025 во 17 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 27.07.2025 Н.С. од Охрид, во нејзиниот дом физички ја нападнал неговата поранешна партнерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2025 во 05:15 часот пред казино лоцирано на улицата „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Единицата за брзо распоредување го приведоа Е.И.(20) од Охрид поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка со две малолетни лица од Скопје. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 30.07.2025 во 03:50 часот во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Наум Охридски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале неколку лица, а со повреди се здобил А.Ч.(21) од Скопје. По преземени мерки во врска со настанот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода К.К.(20) и П.М.(19), двајцата од Скопје, а се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 30.07.2025 во 09:45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле”-Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Џ.Б.(40) од Велика Британија затоа што при гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени три куршуми и четири чаури. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2025 во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, патничко возило „даихатсу” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари