На 23.07.2025 во 01.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа М.С.(41) од Охрид кој беше затекнат при вршење кражба од угостителски објект на плоштадот „Крушевска Република” во Охрид. Одземените предмети се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.07.2025 година во 15.10 часот, на плажа на охридското крајбрежје, приведен е О.М.(46) кој претходно е затекнат при користење опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.07.2025 во 12.40 часот, на крстосница од ул.„Галичица” со ул.„8 Септември” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа” со охридски регистарски ознаки управувано од 21-годишната Е.М. од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(50) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид. По наредба на Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари